фото: kfshkendija.com

Ендрит Красниќи го засили средниот ред на Шкендија

Официјално, Ендрит Красниќи е нов фудбалер на Шкендија. Овој 28-годишен играч за врска доаѓа од тимот на Приштина и потпиша договор со тетовските „црвено-црни“ до лето 2025 година.

Фудбалерот успешно ги помина лекарските прегледи, по што и официјално е потврден како нов член на Шкендија.

– Се надевам дека ќе имаме фантастична сезона и ќе направиме големи работи. Му должам на овој клуб за укажаната доверба и морам да дадам сè од себе за да ги оствариме целите што ги имаме – рече Красниќи.

Прогласен за најдобар играч за врска во косовската Суперлига во последните години, каде двапати ја освои шампионската титула.

Претходно Љупче Дориев ја напушти Шкендија, а повратник во клубот е Зија Мерџани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот