Македонскиот репрезентативец Дориев ја напушти Шкендија

фото: facebook.com/fcshkendija

Љупче Дориев после три години одлучи да ја напушти екипата на Шкендија, а тоа го потврди на социјалните мрежи. Овој 27-годишен напаѓач минатата сезона во Првата лига имаше учинок од 10 голови во 25 настапи.

Моментно тренира со најдобрата македонска репрезентација во пресрет на новите квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Украина и Англија.

Во клупската кариера, пред да се пресели во Тетово, ги бранеше боите на Академија Пандев и Турново.

– Поминати 3 прекрасни години, чест и гордост беше да го носам овој дрес. За Шкендија, навивачите (Балистите) и Тетово „БЛАГОДАРАМ“ е малку што можам да кажам. На сите ви посакувам здравје, среќа и успех.Јас останувам голем навивач на Шкендија и сигурен сум дека следуваат нови успеси и радости за клубот и навивачите. Со почит – стои во објавата на Дориев.

Во меѓувреме од ФК Шкендија информираа дека одбраната ја засили Зија Мерџани, досегашниот лев бек на новиот шампион Струга Трим Лум. Мерџани со тетовските „црвено-црни“ потпиша договор на две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот