Instagram

Ен Хатавеј ја покажа својата морничава трансформација за филмот „The Witches“

Актерката Ен Хатавеј сподели фотографии од нејзината трансформација за филмот „The Witches“ чија премиера е закажана за 22 октомври на „HBO Max“.

 

Оскаровката Ен (37), која може да се пофали со 29,2 милиони следбеници на социјалните мрежи, на својот Инстаграм профил сподели како ќе изгледа во нејзината нова улога.

Instagram

Морничавиот изглед на Ен со лузни од насмевка во стилот на Џокер се дело на нејзината лична шминкерка Паула Прајс.

Instagram

Вештерското дело е целосна соработка на костимографите, фризерите и шминкерите, сценаристите, мојот тренер за дијалекти, одделот за ефекти, акорбации, режисерот Боб Зимикс и јас“, неодамна изјави Хатавеј за магазинот „People“.

 

 

Класикот на Роалд Дал „The Witches“ ќе ве натера да поверувате дека вештерките можеби се кријат под вашиот кревет. Иако приказната не е крајно застрашувачка, многумина со нетрпение го очекуваат овој филм.

 

Instagram

Дејството на филмот „The Witches“ е сместено во Алабама во 60-тите години на минатиот век, каде едно момче ќе налета на конференција на вештерки, додека со неговата баба престојуваат во хотел. претвори во глушец. Тие се борат да го заштитат хотелот полн со вештерки кои планираат да ги претворат сите деца во глувци.

 

Филмот доаѓа триесет години по славниот оригинал, во кој во 1990 година главната вештерка ја глуми Анџелика Хјустон со нејзината безвременска насмевка.

 

Анџелика Хјустон / Instagram

Овој пат, Ен Хатавеј ја презема улогата на главната вештерка. Во главните улоги покрај Хатавеј, ќе се појават и Октавија Спенсер и Стенли Тучи.

 

Instagram

Иако за филмот била планирана кино премиера, сепак поради неизвесноста со пандемијата на коронавирус, Ворнер Брос бил принуден да ги смени плановите и наместо тоа премиерата да биде прикажана на „HBO Max“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот