Емотивен за роденденот на мајка му — Васил Хаџиманов го разнежи регионот
Познатиот џез-музичар Васил Хаџиманов ја разнежи јавноста во регионот споделувајќи емотивен статус посветен на неговата мајка, култната југословенска пејачка и актерка Сенка Велетанлиќ, по повод нејзиниот роденден.
Препорачано
Сенка, која заедно со својот покоен сопруг Зафир Хаџиманов и сестрата Бисера Велетанлиќ испиша златни страници во историјата на забавната музика на овие простори, со децении важи за синоним за елеганција, раскошен глас и безвременски шлагери.
„На денешен ден е родена Сенка Велетанлиќ, српска и југословенска пејачка и актерка, една од дамите кои го одбележаа златното доба на домашната забавна музика.
Сенка Велетанлиќ е родена во Загреб на 27 мај 1936 година. Многу млада почнала да пее во хорот на КУД ‘Јожа Влаховиќ’. Иако завршила Економски факултет, одлучила професионално да и се посвети на музиката.
Првите снимки за Радио Загреб ги направила во 1958 година, а на пошироката јавност и стана позната веќе во 1960 година, по настапот на Опатискиот фестивал, каде ја изведе песната „Ноќ без ѕвезди“ и со тоа се вивна меѓу ѕвездите на југословенската музичка сцена. Набрзо стана препознатлива по елеганцијата, префинетоста и силниот, темпераментен израз.
На Опатискиот фестивал во 1963 година ја изведе песната ‘Прости ми, те сакам“, а во 1968 година „Што ме прави среќна’, во алтернација со Јосипа Лисац. Во средината на шеесеттите години се омажи за кантавторот, актер и поет Зафир Хаџиманов.
Сенка и Зафир Хаџиманов во 1967 година го одржаа својот прв рецитал во Ателје 212 во Белград, кога Телевизија Белград за првпат во живо сними концерт на забавна музика.Со сестра си Бисера Велетанлиќ во 1972 година ја изведе песната „Ние знаеме сѐ “, а сестрите Велетанлиќ останаа запаметени како легенди на домашните шлагери. Со Зафир Хаџиманов, со кого беше во брак до неговата смрт во 2021 година, го доби синот Васил Хаџиманов, еден од најистакнатите џез-музичари од овие простори.
Уметничката традиција на семејството ја продолжува и нејзината внука Марта, ќерката на Васил Хаџиманов, која се занимава со оперско и џез-пеење.
Сенка Велетанлиќ ќе остане запаметена како дама со исклучителен глас и стил, а на нејзината публика и остануваат песните, сеќавањата и благодарноста, ѝ благодариме за сè“, стои во објавата на „Југотон кроација рекордс“ која Хаџиманов ја сподели.
Сенка Велетанлиќ почина на 19 јануари во Белград на 89 години.
„Утрово нѐ напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ, по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што ѝ прилегаше. Те сакам мамо. Ти благодарам мамо“, напиша на социјалните мрежи нејзиниот син, музичарот Васил Хаџиманов.


