Бади Бекир - Фото: Фејсбук

Емотивен спомен на пејачката Бади Бекир, три месеци по нејзината смрт

Носталгичен спомен од пејачката Бади Бекир, која почина на 20 ноември лани, е споделен на социјалните мрежи, од времето кога била на почетоците на својата кариера.

Сликата е од насловната страница на некогаш популарното списание „Котелец“.


Пејачката, која остана вистинска дама до крајот на својот живот и ја почитуваа сите колеги, почина по кусо боледување, а од неа со емотивен статус се прости нејзината колешка Блага Петреска.

„Најубавата и најдобра колешка, незаборавна. Бог да ја прости“, напиша Блага Петреска и сподели статус од пријателката која на Фејсбук се вика Гоца Детла, а е позната менаџерка и хуманитарен работник.

„Драга моја Бади. Тешко е да се најдат вистинските зборови кога срцето е скршено.

Ти беше една светла душа што знаеше да сака, да дарува и да инспирира.

Благодарам за секоја песна, секоја насмевка и секој момент што ќе го носам како топол спомен од тебе. Нека твојот глас и твојата добрина живеат вечно низ сите што те сакаа.

Благодарам што постоеше и во мојот живот, што беше дел од гостите на сцената на многу мои настани, но и дел од сцената наречена живот, збогатена со многу наши заеднички дружби.

Почивај во мир, вечна барбико. Нека твојата убавина блеска сега како најсјајна ѕвезда и нека небото ти ги отвори вратите со истата чистота со која ти ги отвораше срцата кон луѓето. Засекогаш ќе бидеш дел од сите што те сакаа“, напиша пријателката на Бади Бекир.

Бади Бекир од дете била членка на играорна група и истовремено ги изучувала македонскиот и турскиот фолклор. Почнала да пее на фестивал на забавна музика во 1985 година.

Таа снимаше народни песни на македонски, турски и албански јазик и повеќепати била на турнеја низ поранешна Југославија. По распадот на Југославија најмногу пееше македонски народни песни.

Во 2002 година, Бади со уште неколку колеги одржа концерти низ Австралија и стана членка на женската фолк-група „Четири грации“, заедно со Росана Сариќ-Тодоровска, Адријана Алачки и Благица Павловска.

„Почивај во мир, вечна барбико“: Пријателите и соработниците се збогуваат од пејачката Бади Бекир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот