Бади Бекир - Фото: Фејсбук

„Почивај во мир, вечна барбико“: Пријателите и соработниците се збогуваат од пејачката Бади Бекир

Денеска во Скопје почина Небахат Бади Бекир, позната пејачка на народна музика. Нејзината колешка Блага Петреска се прости од неа со емотивни зборови.

– Најубавата и најдобра колешка, незаборавна. Бог да ја прости, напиша Блага Петреска и сподели статус од пријателката која на Фејсбук се вика Гоца Детла, а е позната менаџерка и хуманитарен работник.

– Драга моја Бади. Тешко е да се најдат вистинските зборови кога срцето е скршено. Ти беше една светла душа што знаеше да сака, да дарува и да инспирира. Благодарам за секоја песна, секоја насмевка и секој момент што ќе го носам како топол спомен од тебе. Нека твојот глас и твојата добрина живеат вечно низ сите што те сакаа. Благодарам што постоеше и во мојот живот, што беше дел од гостите на сцената на многу мои настани, но и дел од сцената наречена живот збогатена со многу наши заеднички дружби. Почивај во мир, вечна барбико. Нека твојата убавина блеска сега како најсјајна sвезда и нека небото ти ги отвори вратите со истата чистота со која ти ги отвораше срцата кон луѓето. Засекогаш ќе бидеш дел од сите што те сакавме“, напиша пријателката на Бади Бекир.

Бади Бекир беше една од најпочитуваните пејачки на македонска народна музика. Покрај соло кариерата, таа настапуваше со групата наречена „Четири грации“, каде покрај неа беа и Благица Павловска, Андријана Алачки и Росана Сариќ-Тодоровска. Ја нарекуваа македонската Весна Змијанац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот