Ембриологот Мимоза Витанова: Насочени сме кон биопсирање на ембриони за генетски испитувања

Следењето на оплодената јајце-клетка како се развива во ембрион е еден од најубавите мометни, особено доколку тоа се одвива до петтиот ден, вели ембриологот д-р Мимоза Витанова, која работи во „Њуборн клиник“ од самото основање. Инаку, со оваа област се занимава од 2011 година.

Што претставува ин витро оплодување и кои методи ги користите при оплодувањето?

– Ин витро оплодувањето е инвазивна метода со која сперматозоидот ја оплодува јајце-клетката надвор од телото на жената. Оплодувањето се прави на тој начин што прво се обработуваат гаметите (сперматозоиди и јајце-клетки) одделно, потоа со помош на микроманипулатор се избира еден сперматозоид, кој се вбризгува во јајната-клетка. Овој начин на оплодување се нарекува ИЦСИ (ICSI – intracitoplasmaticsperminjection). Избирањето на сперматозоидот за секоја јајце-клетка се врши внимателно и зависи од неколку фактори – подвижност, брзина на движење и морфологија на сперматозоидот. За јајце-клетката да биде оплодена, потребно е да биде во одредена фаза од нејзиниот развој, односно да биде зрела. Кај пациенти кои имаат низок број и сперматозоиди со изменета морфологија (изглед), како и парови кај кои има низок процент на оплодени јајце-клетки ја употребуваме методата ПИЦСИ (PICSI), каде што се издвојуваат само зрели сперматозоиди.

Прочитајте и...  Шер го потрошила своето богатство: Дали славната пејачка се бори со егзистенцијални проблеми?
Витрификацијата на ембриони претставува едноставен, брз и безбеден метод, со кој на пациентите им се овозможува зачувување на ембрионите за во иднина. На овој начин ембрионите што се со добар квалитет може да се трансферираат кај пациентката во некој нареден циклус кога нејзиниот еднометриум ќе биде спремен.

Што се случува откако ќе настане оплодување? Која е понатамошната постапка?

– Откако ќе се изврши оплодувањето, следниот ден се проверува колку од јајните- клетки се успешно оплодени. Во наредните три до пет дена следи мониторирање на ембрионите. Во ова време ние, ембриолозите, го следиме растот, развојот и квалитетот на ембрионите за подоцна да избереме соодветни ембриони за ембрио-трансфер или пак, за криопрезервација. Следењето на оплодената јајце-клетка како се развива во ембрион е еден од најубавите мометни, осебено доколку тоа се одвива до петтиот ден.

Која е разликата помеѓу свеж ембрио-трансфер и трансфер со замрзнати ембриони?

– Свеж трансфер значи дека ембрионите се враќаат назад во матката на жената истиот циклус кога се вадат јајните-клетки и се оплодуваат. Доколку пациентката има поголем број ембриони се предлага криопрезервација со метод на витрификација на ембриони. Витрификацијата на ембриони претставува едноставен, брз и безбеден метод, со кој на пациентите им се овозможува зачувување на ембрионите за во иднина. Трансферот со одмрзнати ембриони е идеално решение за пациентки со тенок ендометриум, хиперстимулација или висок прогестерон. На овој начин ембрионите што се со добар квалитет може да се трансферираат кај пациентката во некој нареден циклус, кога нејзиниот ендометриум ќе биде спремен. Трансферот на ембриони зависи од многу фактори и е крајна фаза во една ИВФ-постапка, која, доколку се работи со големо внимание, ќе заврши со среќен крај.

Прочитајте и...  ФОТО: Тамара Тодевска повторно воодушевува со нејзиниот изглед

Што следно може да се очекува кај асистираната репродукција? Кои се најновите техники на светско ниво?

– Како тим постојано се трудиме да бидеме во тек со новите случувања во нашата област. Во овој период сме насочени кон биопсирање на ембриони за генетски испитувања. Тоа е еден од најпредизвикувачките методи што се користат денес. Ние како ембриолози имаме можност да ги оцениме ембрионите според нивниот развој и нивната морфологија, односно според изгледот, додека со оваа техника добиваме резултати што покажуваат кои од ембрионите се здрави. На овој начин може да ги издвоиме ембрионите кои се со генетски аномалии со цел да се избегнат генетски наследни болести, како и да се зголеми бројот на имплантирани ембриони.

Прочитајте и...  Што е кила (хернија)? Неколку прашања и одговори

Њуборн клиник – Центар за плодност, булевар Илинден“ бр. 107, 1000 Скопје,

Телефон : +389 (0)2  2734 350

(комерцијален текст)

Поврзани вести

Никој не ја препозна Ријана: Го покри цело лице, но тетоважите ја издадоа!

Слободен Печат

Немате 500 евра во џеб, а носите брендирана облека: Марија Шерифовиќ без влакна на јазикот!

Слободен Печат

ВИДЕО+ФОТО: Бодибилдер се ожени со секс кукла – Се запознале во бар, а после 8 месеци „врска“ ја запросил

Слободен Печат

ФОТО: Уна Чолиќ, Миа Бјелогрлиќ, Ела Дворник… Погледнете какви ќерки имаат познатите личности од Балканот

Слободен печат

ФОТО: Тамара Тодевска стави нова тетоважа, овојпат не е стих од химната…

Ирена Трајкова

ВИДЕО: Зошто се расплака Дуа Липа?

Слободен Печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian