Елтон Џон доби кралско одликување за својата музичка кариера

EPA-EFE/JULIAN SMITH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Елтон Џон доби високо одликување што пред него го добиле само 65 лица. Оваа ретка кралска одлика му ја додели лично Принцот Чарлс на церемонијата во замокот Виндзор.

Поп-ѕвездата, која по 16 години го достигна врвот на британската листа на синглови со песната Cold Heart (ремикс на PNAU) во соработка со Дуа Липа, им се придружи на уметникот Дејвид Хокни, актерката Џуди Денч, музичарот Пол Макартни и писателката Џ.К. Роулинг.

Еден од најпродаваните уметници на сите времиња, со хитови како Goodbye Yellow Brick Road, Rocket Man and Your Song, беше прогласен за витез од кралицата Елизабета Втора во 1998 година, пренесуваат од „Reuters“

Елтон Џон на церемонијата бeше придружуван од неговиот сопруг Дејвид Фурниш. Во септември објави дека ја одложува европската турнеја поради проблеми со колкот, а на настанот се движеше со помош на бастун.

Џон собрал милиони фунти за борба против СИДА-та и ја основа Фондацијата за СИДА на Елтон Џон во 90-тите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот