Елмас во најдобриот екс-ју тим во изборот на Панчев
Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Панчев беше дел од новогодишната анкета на „Информер“ во која учествуваа уште пет фудбалски балкански легенди и од нив беше побарано да го скројат најдобриот состав од просторите на поранешна Југославија, играчи кои се сега активни во фудбалот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Покрај Панчев, во анкетата беа уште Златко Заховиќ, Предраг Мијатовиќ, Томислав Ивковиќ, Мехмед Баждаревиќ и Владимир Југовиќ.
Во изборот на Панчев се наоѓа и актуелниот македонски репрезентативец и воедно член на италијанскиот клуб Наполи, Елиф Елмас.
Покрај Елмас, во идеалните 11 се и Облак (Атлетико Мадрид), Врсаљко (Атлетико Мадрид), Савиќ (Атлетико Мадрид), Павловиќ (Монако), Перишиќ (Интер), Модриќ (Реал Мадрид), Ковачиќ (Челси), Тадиќ (Ајакс), Митровиќ (Фулам) и Влаховиќ (Фиорентина). Селектор: Драган Стојковиќ Пикси.
– Добро ми спомнавте дека во тимот одат само сегашни играчи, затоа што доколку би се броеле сите, тогаш немаше да има место за сегашните. Се шегувам секако. И од сегашните играчи може да се направи тим достоен за титулата светски шампион – вели Панчев.


