Елмас се збогуваше со Фенербахче (ВИДЕО)

twitter.com/fanatikcomtr

Италијанските медиуми пренесуваат дека трансферот на хрватскиот интернационалец Марко Рог, досегашен член на Наполи, во редовите на Каљари е готов.

Денеска Фенербахче официјално ги објави имињата кои ќе патуваат на предсезонската турнеја во Австрија, а меѓу нив не е нашиот играч.

На социјалните мрежи исто така и навивачите на Фенер се збогуваат со Елмас (19) за чии услуги се очекува Наполи да плати 16 милиони евра плус бонуси.

Во составот на Карло Анчелоти ќе го замени Рог на „Сан Паоло“, се очекува в понеделник да ги има и лекарските прегледи пред да го потпише договорот италијанскиот вицешампион.

Елмас пред да се пресели во Турција, ги бранеше и боите на Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот