17.8 C
Скопје

Елези: Регионот повеќе не е во фокусот на Европската унија

Гентијан Елези, поранешен заменик министер за интеграција за Еуроњуз Албанија, истакна дека континуираното одложување на отворањето на преговорите со ЕУ за Албанија и Северна Македонија ја рефлектира на прво место ситуацијата во рамките на Европската унија, каде има потешкотии во одлучувањето – за многу прашања, а особено во однос на проширувањето.

– Во овие услови, ние дефинитивно имаме право да шпекулираме дека може да биде форма за да се одземе време за одложување на одлучувањето, бидејќи секое одлучување има влијание врз политичката агенда на земјите членки. Исто така може да биде изговор од страна на земјите-членки за одложување на оваа одлука. Мислам дека поради фактот што Западен Балкан не е толку во фокусот на ЕУ, загриженоста дека надворешните фактори можат да го искористат овој простор не се толку силни во ЕУ. Ова го гледаме во чекори што не се преземени, како во случајот на Црна Гора, каде што не е даден датум за членство, иако преговара со ЕУ веќе 10 години. Ова покажува дека регионот повеќе не е во фокусот на Европската унија, објасни Елези.

Поврзани вести

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Локализиран е пожарот во близина на „Слобода“, нема повредени

Слободен печат

Остави Коментар