Елези: МојДДВ ги исполнува целите – се враќаат пари кај граѓаните и се намалува сивата економија

МојДДВ мерката веќе ги дава резултатите за целите за кои беше воведена – влијае на намалување на сивата економија и враќа пари на граѓаните, вели заменик министерката за финансии Ширет Елези.

Елези посочи дека заклучно вчера граѓаните оствариле поврат од над 930 илјади евра, скенирајќи скоро 7 милиони фискални сметки со промет од 3,5 милијарди денари. Заменик  министерката рече дека 143 илјади граѓани скенираат фискални сметки.

– Со оглед на трендот на раст од ден на ден на регистрирани корисници и скенирани сметки, очекуваме бројот на месечно скенирани сметки и сумата поврат иднините месеци да расте- рече Елези.

Заменик министерката посочи и дека бројот на сторнирани сметки е намален за 15% во овој период, а удвоен е бројот на пријави за неиздадени фискални сметки во однос на минатата година.

Во однос на намалување на сивата економија, Елези посочи дека вкупната наплата на ДДВ е подобрена за 18,3% во однос на лани.

– Наплатата на ДДВ од почетокот на јули досега изнесува 75 милиони евра. Ова е раст од 18,3% во однос на лани. Подобрената наплата на ДДВ, заедно со одличната наплата на персоналниот данок, акцизите, како и придонесите – придонесуваат наплатата на вкупните приходи во јули да биде повисока за 16% во однос на лани. Со ова, од почетокот на годината досега приходите во државната каса се поголеми за 7,4% во однос на лани – рече Елези.

Таа посочи дека како што ќе расте бројот на скенирани сметки, се очекува наплатата на ДДВ да остварува уште подобри резултати, како и да влијае на вкупната наплата на приходи во државната каса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот