Екстремно ментално растројство е организирање убиство на малолетничка, сметаат психолози

Постапките на лицата вмешани во убиството на 14-годишната Вања, како и случајот во Приштина, кога мајка беше убиена пред очите на нејзините деца, по својата свирепост ги надминуваат и делата што се сметаат за манијакални, вели психологот Арбер Кадриу за „Градска.мк“.

– Психопатијата е растројство на личноста кое се карактеризира со манипулативно однесување, недостаток на емпатија и склоност кон измама. Способноста да се препознаат овие особини е од клучно значење, бидејќи психопатите можат да бидат шармантни, харизматични и многу вешти да го сокријат своето вистинско јас – вели Кадриу.
Според него, варварското организирање против една малолетничка може да се смета за екстремно ментално растројство.

Уште полошо е кога разбираме дека ова се случува и од родители со цел профитирање вели Кадриу.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот