Експремиерот на Хрватска Иво Санадер осуден на шест години затвор

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Освен за примање мито од 10 милиони евра за да им ги предаде правата на управување во „Ина“ на Унгарците, поранешниот премиер е обвинет дека со Хернади договорил издвојување на нерентабилниот дел од бизнисот со гас.

По една година и два месеца судење, беше донесена нова неправосилна пресуда во окружниот суд во Загреб за поранешниот премиер и претседател на ХДЗ Иво Санадер и директорот на унгарскиот МОЛ, Злот Хернади, поради прифаќање, односно давање мито во аферата „Ина-МОЛ“, поради што Санадер е осуден на затворска казна од шест години.

Освен за примање мито од 10 милиони евра за да им ги предаде правата на управување во „Ина“ на Унгарците, поранешниот премиер е обвинет дека со Хернади договорил издвојување на нерентабилниот дел од бизнисот со гас во „Ина“.

Ако пресудата стане правосилна, на барање на Обвинителството, тој ќе треба на државата да ѝ врати 10 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот