Украински напад врз Крим принтскрин ИКС

Експлозии на Крим, нападнато пристаниште и нафтено складиште

Во пристаништето Феодосија во окупираниот Крим утрово се слушнаа неколку експлозии, а целите на нападите веројатно биле локалното пристаниште и складиште за нафта. Според украинските медиуми бел чад се гледал над пристаништето, додека густ, темно сив чад се наѕирал над складиштето за нафта, објавува Украинска правда.

Чад над клучните објекти

Дописник на порталот Крим.реалити, проект на Радио Слободна Европа, известува дека видел бел чад како се издига над пристаништето по експлозиите. Тој, исто така, потврди дека густ, темно сив чад е видлив над складиштето за нафта во градот. Сите училишта во Феодосија се привремено затворени поради нападот.

Властите не издадоа предупредување

Руските власти не прогласија воздушен напад во градот. Жителите се жалат во локалните групи на социјалните медиуми за недостатокот на пристап до засолништа и пријавуваат прекини на интернет. Според непотврдени информации, едно беспилотно летало, кое не било соборено, се урнало во близина на комерцијалното пристаниште.

Активна воздушна одбрана

Локалниот канал на Телеграм „Кримски ветер“, исто така, извести за нападот врз пристаништето. Според пораките објавени од жителите, во пристаништето дејствувал противвоздушен топ со голем калибар, по што се појавиле информации за два можни удари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот