Експертите тврдат: Овие 2 собни растенија ја намалуваат влагата и спречуваат настанување мувла во домот

Фото: Профимедиа

Собните растенија не се само декоративни, тие се проверен начин да го оплемените својот животен простор и можат да бидат многу корисни.

Некои од нив ги одбиваат инсектите, некои прекрасно го прочистуваат воздухот,а некои во зимските месеци се прекрасно решение против кондензацијата на прозорците.

Експертите за градинарство тврдат дека без никаков вложен труд може да ја намалите кондензацијата, доволно е во својот дом да ги ставите овие растенија.

Сансеверија, односно свекрвиниот јазик и зелениот лилјан или „пајак растение“, најдобро се борат против кондензацијата во затворените простори, а секој кој ги има овие растенија ќе ви го потврди тој факт. Тие исто така позитивно делуваат на квалитетот на воздухот во просторијата и лесни се за одгледување.

Сансеверија/ Фото: NOTH.garden/CC BY-NC-ND 4.0

„Доколку барате растение кое ја апсорбира влагата, односно може да спречи кондензација и создавање мувла, тогаш овие растенија се совршени за вас“, истакнуваат експертите од Флорида.

За максимален ефект, растенијата држете ги во простории каде кондензацијата е најчеста како што се кујната, бањата и спалната соба.

„Тоа е добар избор затоа што и двете растенија лесно се негуваат. Пајак растението е приспособливо на различна светлина и температура и потребно е само повремено да го полевате и да му ставате прехрана. Освен што помага во намалување на нивото на влажност така што ја апсорбира влагата од воздухот, одлично е и во прочистување на воздухот“, вели Џеки Чу, директор на архитектонското студио „Archute“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот