Алкохол и канабис - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Експерти објаснуваат зошто алкохолот е поштетен од канабисот

Алкохолот и канабисот (ТХЦ – Тетрахидроканабинол) се меѓу најчесто користените супстанции во светот, но експертска анализа на Институтот за човечка анатомија (ИОХА) – The Institute of Human Anatomy, покажува дека нивните ефекти врз телото и мозокот се значително различни, пишува „Лед бајбл“.

Според нивното објаснување, алкохолот брзо се шири низ телото затоа што лесно се раствора во вода и брзо поминува низ клеточните мембрани. Тој се апсорбира преку желудникот и тенкото црево и има релативно „предвидлив“ пат на дејство во организмот.

Од друга страна, ТХЦ, психоактивната состојка во канабисот, е растворлива во масти, што значи дека може да се задржи подолго време во масните ткива, вклучувајќи го и мозокот. Начинот на внесување исто така влијае: пушењето доведува до брзо делување во рок од неколку минути, додека јадењето (едиблс) поминува низ црниот дроб и има поинтензивен и подолготраен ефект.

Експертите објаснуваат дека алкохолот со текот на времето предизвикува поизразено физичко оштетување на органите, особено на црниот дроб, и има јасна поврзаност со зголемен ризик од рак. Дополнително, алкохолот може да предизвика губење на меморијата (т.н. „блек-аут“), при што лицето е будно, но подоцна не се сеќава на настаните.

ТХЦ, пак, повеќе влијае на начинот на кој мозокот ги обработува информациите. Наместо целосно да ја блокира меморијата, тој ја нарушува концентрацијата и когнитивната организација на мислите, што може да доведе до конфузија, заборавност и „ментална магла“.

Во однос на долгорочните ризици, алкохолот е класифициран како канцероген и нема целосно безбедна количина на консумација, според Светската здравствена организација. Дури и умерено пиење може да го зголеми ризикот од одредени видови рак. Кај ТХЦ, особено во форма на јадење, нема силни докази дека директно предизвикува рак на вообичаени нивоа на употреба, но истражувањата продолжуваат.

Експертскиот заклучок е дека алкохолот генерално предизвикува поголема директна физичка штета на органите, додека ТХЦ повеќе влијае на мозочните функции и когнитивните процеси, особено при долготрајна или честа употреба.

Најчести несакани ефекти:

Алкохол:

* намалена проценка и импулсивност
* губење на меморија и „блек-аут“
* слаба координација
* ризик од труење со алкохол
* потенцијално оштетување на црниот дроб
* зголемен ризик од рак
* намален крвен притисок и забавени функции на телото при високи дози

Канабис (ТХЦ):

* анксиозност и параноја кај некои лица
* нарушена концентрација и „ментална магла“
* заборавеност и губење на мисловен тек
* зголемен пулс
* црвени очи
* сува уста
* зголемен апетит
* можни долгорочни ефекти врз меморија и учење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот