Илустративна фотогафија за парфем / Фото: Pexels

Експерт открива кога треба да го фрлите парфемот: „Може да биде опасен“

Иако многумина парфемите ги доживуваат како долгорочна инвестиција што треба да се користи до последната капка, експертите предупредуваат дека и тие имаат рок на траење и дека нивната употреба по истекот може да носи ризици, пишува „Дневно“.

Според стручњакот за парфеми Алекс Годард, најголемиот дел од секој парфем е алкохолот, кој не само што овозможува мирисот да се распрснува, туку делува и како природен конзерванс. Благодарение на тоа, неотворен парфем може да трае и со децении, иако производителите најчесто даваат гаранција за користење по отворање од околу три години.

Рокот на употреба може да се провери преку симболот на амбалажата – мал отворен сад со број и буквата „М“, што означува колку месеци производот е безбеден за употреба. Вообичаено, тој период е 36 месеци.

Сепак, парфемот не се расипува како храната. Доколку се чува правилно, може да се користи и до пет години, но со текот на времето неговиот мирис може да се промени.

„Вашиот нос е најдобар судија – ако мириса лошо, време е да го фрлите“, вели Годард.

Илустративна фотогафија за парфем / Фото: Pexels

Посебно внимание треба да се обрне на можните реакции на кожата. Иако ретко, стар парфем може да предизвика иритации или алергиски реакции, па експертите советуваат да не се ризикува, особено ако се забележат промени во мирисот или текстурата.

За да се продолжи трајноста, важно е правилно складирање. Парфемите треба да се чуваат на темно и ладно место, подалеку од светлина, топлина и влага, што значи дека бањата е едно од најлошите места за нивно чување.

Дополнително, се препорачува парфемот да остане во оригиналната амбалажа, бидејќи прелевањето во помали шишиња може да доведе до оксидација и промена на формулата.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Мицов: „Не се прави добар парфем преку ноќ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот