Екс директорот на МЕПСО, Здравев отвора луксузен хотел во Трст

Владимир Здравев, поранешниот претседавач на Советот на општина Центар и екс директор на МЕПСО, отвора хотел во италијанскиот град Трст. Станува збор за „Солун хотел и Спа“, ист каков што Здравев има и во центарот на Скопје. Според информациите од хотелот, објектот почнува со работа деновиве, откако пред шест години почнала изградбата. Станува збор за еко – хотел кој ќе биде прв од ваков тип на Балканот, објави Фактор.

Бизнисменот кој сега успешно раководи со хотелскиот бизнис, деновиве ќе почне да ги угостува клиентите на Солун Хотел и Спа и во италијанскиот град Трст.

„Бидете подготвени за нов елегантен и стилски хотел кој дефинитивно ќе го украде вашето срце со неговата суптилна, но елегантна надворешност, прекрасен лоби простор и простории дизајнирани со допир на елеганција измешани со совршено украсен шарен ентериер, стои во објавата од Хотел Солун.

Прочитајте и...  Како „обичен смртник“: Португалскиот претседател фотографиран додека чека ред во маркет (ФОТО)

Владимир Здравев чекори во овој бизнис откако претходно беше на високи позиции во сега опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој претседаваше со Советот на Центар во мандатот од 2009 до 2013 година. Поранешниот градоначалник Андреј Жерновски во еден наврат рече дека Здравев имал клучна улога во реализацијата на проектот Скопје 2014 година и во тоа време дури осум пати патувал во Италија, поточно во Фиренца, Верона и во Милано, каде се правеа дел од фигурите и спомениците за овој проект.

Прочитај повеќе

Сите се за компромис, никој не попушта!

Мас: Европа треба да е помалку зависна во здравствениот и енергетски сектор

Слободен печат

Нетанјаху: Израел ќе го прошири својот суверенитет над делови од окупираниот Западен Брег

Слободен печат

По десетнеделен карантин, Бајден за првпат излезе од дома

Слободен печат

Деновиве ќе се носат уредби за третиот сет мерки

Слободен печат

ЗОО Скопје од денес отворена за посетители, но со нов протокол на движење

Миа Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Истекува третата вонредна состојба, партиите се уште без консензус за датумот за избори

Слободен печат

Во Велика Британија од 15 јуни се отвораат објектите за трговија на мало

Слободен печат

Два дена без починати од коронавирус, Скопје на врвот во однос на бројот на заболени

Слободен печат

Посвежо време со дожд и ветер, температура до 21 степен

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Во Сао Паоло погреби на секои 10 минути, а епидемијата сѐ уште не го достигна својот врв

Слободен печат