Економијата на ЕУ би може да се намали и до 10 проценти

Во случај на втор бран епидемија, ситуацијата би можела да биде и многу полоша вели еврокомесарот за индустрија Бретон.

Како резултат на пандемијата на коронавирусот, економијата на Европската унија годинава би можела опадне од 5 до 10 проценти, , смета еврокомесарот за индустрија Тиери Бретон.

– Денес, сè укажува на тоа дека во Европската унија би можеле да забележиме пад на економијата од пет до 10 проценти, што би значело околу 7,5 проценти, рече Бретон во интервју за телевизијата „Франс 2″.

– Но, тоа важи денес, истакна еврокомесарот, додавајќи дека во случај на втор бран епидемија, ситуацијата би можела да се влоши.

– Се зависи од брзината на закрепнување на економијата. Се уште сме во екот на пандемијата и ќе научиме да живееме со неа неколку месеци, додаде Бретон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот