Економии во регионот на ЕБРД ќе се соочат со големо негативно влијание од пандемијата

Заздравувањето на економиите би се случило по запирањето на епидемијата сметаат експертите на ЕБРД.

ЕБРД со итен пакет за солидарност ќе ги стимулира економиите во 38 економии на три континенти кои се под нејзина „капа“. Банката за таа намена ќе одвои за почеток околу една милијарда евра наменети за помош на компаниите во овие земји, за што на крајот на март ќе објави и детални економски прогнози со кои ќе бидат опфатени економиите од регионот на ЕБРД.

Според Банката, пандемијата во исто време влијае врз понудата и потрошувачката, а конечното економско влијание ќе зависи од траењето на пандемијата, како и од националните политики и од здравствените мерки што се преземени за борба против Ковид-19.

Според ЕБРД индиректните ефекти врз економијата вклучуваат прекин на глобалниот синџир за снабдување, послабата надворешна побарувачка, пониските цени на нафтата и артиклите и широк регионален пад во туризмот и патувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот