Економично готвење: заштедете со паметно користење бајата храна

Банана / Фото: freeimages
Старите навики тешко се менуваат, па така, на пример, темните и зрели банани е најлесно да се фрлат. Но одредени производи можете одлично да ги искористите и да заштедите пари.

Кога дома ќе најдете остатоци од стар леб или овошје и зеленчук што не изгледаат свежо и вкусно, првиот импулс ви е да ги фрлите. Секако дека тоа е оправдано ако забележите дека на нив се собира мувла, габички, целосно е сменет изгледот и мирисот и навистина се неупотребливи. Но, доколку само не ви се допаѓаат смекнатите или збрчкани плодови, има начин како да ги искористите и со тоа да заштедите.

Стар леб

Лебот стар неколку денови нема да е добар за сендвич или со чинија чорба, но тоа не значи дека треба да го фрлите. Еден од начините како да го искористите е да ги исечете на резанки, да го ставите да се исуши во рерна, па потоа да го сомелете во лебни трошки. Некогаш можете да го искористите за тост или за пржени лепчиња.

Банани

Иако не сакате потемнети банани, можете сепак да ги искористите. Направете фрапе со лажица мед или пак смути. Ако не сте пробале, ќе видите колку е вкусна комбинацијата леб со банани.

Домати и пиперки

Смекнатите домати и пиперки што не се доволно свежи за салата, пригответе ги за сос или за готвено јадење. Доматите можете да ги замрзнете цели. Пред варење, ставете ги во врела вода за полесно да ги излупите, а потоа исечкајте ги на коцки и направете убав сос за тестенини. Пиперките можете да ги испечете, да ги излупите и да ги ставите во фрижидер.

Остатоци од зеленчук за супа

Вишокот исечкан зеленчук за супа соберете го во ќесичка и замрзнете го. Следниот пат кога ќе имате друго подготвено, извадете го и искористете го за некое друго јадење да го збогатите.

Остатоци од месо и коски

Пилешките гради од кои сте го извадиле месото искористете ги за бујон. Откако ќе се излади, спакувајте го во порции што најмногу ќе ви одговараат за идните јадења. Истото можете да го направите и со коските од други видови месо. Понатаму, веќе готвено или печено месо е штета да се фрли, бидејќи може да се искористи за салати или за вкусен сендвич.

Јогурт

Киселото млеко или јогуртот што се при крај со рокот за употреба, можете да ги користите како замена за путер и здрави слатки. Еден филџан путер заменете го со 1/4 филџан кисело млеко и половина филџан путер. Можете да го искористите за класични јогурт-коцки со малку овошје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот