ЕК продолжува со мониторингот за лажни вести за вакцините до крајот на годината

Европска комисија / Фото: Архива

Комисијата минатата година започна со оваа програма во која објавува извештаи за работата на главните социјални мрежи во нивната борба против дезинформациите поврзани за вакцините, Твитер, Фејсбук, ТикТок, Мајкрософт и Гугл.

Европската Комисија најави денеска дека програмата за мониторинг на дезинформации поврзани со вакцините на социјалните мрежи ќе биде пролонгирана до крајот на оваа година, јави дописничката на МИА од Брисел.

Комисијата минатата година започна со оваа програма во која објавува извештаи за работата на главните социјални мрежи во нивната борба против дезинформациите поврзани за вакцините, Твитер, Фејсбук, ТикТок, Мајкрософт и Гугл.

-Овие извештаи покажуваат колку е важно да може ефикасно да се набљудуваат воведените мерки од страна на платформите за намалување на дезинформациите, одлучивме да ја продолжиме програмата затоа што обемот на опасни лаги продолжува да го преплавува нашиот информативен простор, изјави потпретседателката на Европската Комисија, Вера Јурова.

Таа оцени дека Кодексот на однесување за социјалните платформи е од круцијална важност затоа што не можат сами да се регулираат.

Еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон, исто така побара од социјалните мрежи и дигитални платформи да ги зајакнат нивните напори и да се усогласат максимално со Кодексот на однесување на ЕУ.

Конкретно, Европската Комисија забележува дека Фејсбук воведе рамки што можат да се додадат на профилната фотографија на корисникот за да се охрабри вакцинацијата, додека Твитер отвори разговори со корисниците во 16 земји за вакцините. Оваа мерка генерирала пет милиони интеракции и „впечатоци”.

Се поздравува фактот што Мајкрософт ги пренасочува корисниците што бараат информации за коронавирусот кон официјална страница за Ковид-19 на ЛинкедИн.

Но и покрај овие напори Европската Комисија во својот извештај констатира дека е недоволно и дека податоците не се доволни.

Со Кодексот Брисел се надева дека ќе се етаблира силна алатка за мониторинг кога ќе ја мери ефикасноста на платформите во борбата против лажните вести за вакцините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот