EK препорача постепено укинување на ограничувањата за патување

Комисијата објави насоки и препораки, кои не се обврзувачки за земјите членки, но кои можат да помогнат во координирано укинување на ограничивањата за патување и во постапно активирање на туристичките дејности по неколку месеци целосен застој поради пандемијата од корона вирусот.

Европската комисија денеска донесе препорака според која потребно е постепено и координирано укинување на ограничувањата за патување меѓу земјите членки или внатрешните региони кои имаат слична епидемиолошка ситуација со што би се спасило што е можно повеќе од овогодишната туристичка сезона.

– Слободата на движење и прекуграничните патувања се клучни за туризмот. Бидејќи земјите членки успеваат да ја ограничат циркулацијата на вирусот, општите рестрикции за слобода на движење мора да се заменат со целни мерки, доколку здравствената ситуација не оправда генерално укинување на ограничувањата меѓу регионите или земјите членки кои во задоволителна мера имаат слична епидемиолошка слика, велат од комисијата.

Комисијата објави насоки и препораки, кои не се обврзувачки за земјите членки, но кои можат да помогнат во координирано укинување на ограничивањата за патување и во постапно активирање на туристичките дејности по неколку месеци целосен застој поради пандемијата од корона вирусот.

Стратегија за опоравување на туризмот

Пакетот наменет за туризмот и трговијата кој Комисијата го објави денеска опфаќа стратегија за опоравување на туризмот оваа и следната година, заеднички пристап за воспоставување слободно движење и укинување на ограничувањата во внатрешните граници на ЕУ на постепен и координиран пристап. Рамка за постепено воспоставување на патничкиот сообраќај со со гаранции за сигурноста на патниците. Препорака ваучерите да се направи да бидат поатрактивна алтернатива за враќање на пари за откажани патувања, како и критериуми за објавување на туристичката дејност и развој на здравствен протокол за сместување во објектите.

Комисијата истакнува дека пристапот до постепено отворање мора да биде доволно флексибилен со цел да се овозможи повторно воведување на мерките доколку тоа го налага епидемиолошката ситуација.

Начело на недискриминација

Особено важно е начелото на недискриминација кон државјанството. Комисијата истакнува дека кога некоја земја членка ќе одлучи да допушти влез на своја територија, тоа мора да биде направено на недискриминирачки начин, односно да се овозможи влез на сите лица, без оглед на државјанството.

Комисијата предлага ваучерите кои ги нудат патничките агенции за откажаните карти мора да се атрактивни со што граѓаните не би инсистирале на поврат на пари, кое и понатаму останува нескратено право.

Комисијата строго предлага времетраењето на овие ваучери да се продолжи на минимум 12 месеци, да бидат осигурани од банкрот на компанијата која ги издала и да не може да ги за време од година дена доколку клиентот не се одлучи на тоа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот