Европска комисија / СП. архива

Европската Комисија ќе ја намалува бирократијата

Европската комисија ќе препорача намалување на бирократијата на ЕУ во досега невидени размери, како една од мерките за зајакнување на нестабилната економија на блокот во наредните пет години

Ваквиот план за намалување на бирократијата е наведен во нацртот на т.н. Компас за конкурентност што го најави Европската комисија, а во кој увид имал бриселскиот портал „Еурактив“.

Како што посочува порталот, планот се базира на „новата мантра“ на ЕК: „Поедностави и забрзај“ и има за цел рационализација на регулативите, скратување на бирократските процедури и зголемување на флексибилноста.

– Враќање на конкурентноста на Европа бара да се отиде многу подалеку од досега во намалувањето на бирократијата. Сите европски, национални и локални институции мора да вложат напори без преседан, за да ги поедностават правила и да ги забрзаат административните процедури, се наведува во предлог-документот.

Со планот се повикува и на посилна интеграција на единствениот европски пазар и на пазарот на капитал на ЕУ и „освежен пристап“ кон политиката на конкурентност на Унијата, со цел да се охрабрат компаниите на засилена соработка и да се поттикнат приватните инвестиции.

Компасот за конкурентност според најавите треба официјално да биде промовиран идната среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот