ЕХФ Евро куп: Македонија поразена, но со многу подобар настап против Црна Гора

Македонските ракометарки покажаа многу подобар настап против екс европскиот првак/Никшиќ, Црна Гора/10 октомври 2021/Фото: rscg.me

И во вториот натпревар од ЕХФ Евро купот македонската женска ракометна сениорска репрезентација загуби од Црна Гора овојпат во Никшиќ со 31:30.

Во однос на првиот меч во Скопје каде што избраничките на селекторот Љубомир Савевски претрпеа убедлив пораз од 21:29, овојпат и без едни од најдобрите ракометарки како Сара Ристовска и Елена Ѓорѓиевска, се покажаа во многу подобро светло и уште еден доказ дека во состав има иднина, со перспективни и талентирани ракометарки.

Во текот на првото полувреме трипати водевме со два голови разлика (3:5, 4:6, 5:7), но после тајмаутот на Бојана Поповиќ нејзините репрезентативки направија серија од 6:1. И покрај тоа, Македонија се враќаше, иако имаше негатива неколку пати од „минус два“, на пауза се избори за нерешени 16:16.

На стартот од вториот дел повторно држевме резултатска контрола, овојпат од „плус еден“ (16:7, 17:18, 18:19), но повторно не ја задрживме предноста.

Држевме егал до 21:21, по што настапи нова низа на погодоци на домашната селекција од 6:0, но ние веднаш возвративме со пет голови во серија за неизвесен финиш, само 27:26 имаа Црногорките. И двете селекции играа „топло-ладно“ во завршните минути, прво се дозволи противникот да се одвои на „плус четири“ (31:27), па до крајот на средбата врзавме три голови, но и без доволно време за целосен пресврт.

Во победничките редови екс членот на ЖРК Вардар, Радичевиќ реализираше девет голови, а еден помалку на спротивната страна запиша Јанкуловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот