Егзон Бејтулаи повеќе не е фудбалер на Шкендија

фото: instagram.com/fcshkendija

ФК Шкендија изразува благодарност до Егзон Бејтулаи за целиот придонес, ангажман и професионализам даден во дресот на тетовските „црвено-црни“.

Дефанзивецот Бејтулаи повеќе нема да биде дел од Шкендија, клубот ја потврдува информацијата по истекувањето на договорот на фудбалерот на 15 јуни.

Ценејќи го неговиот придонес за Шкендија, клубот понуди и инсистираше на продолжување на соработката, но желбата на одбранбениот играч беше да се докаже во странство.

Бејтулаи беше еден од фудбалерите со најмногу настапи во дресот на Шкендија со 304 официјални натпревари. Капитенот и долго време заменик-капитен беше дел од историските успеси на клубот, освојувајќи три првенствени титули и два куп трофеи.

Бејтулаи моментно е со најдобрата македонска репрезентација за новите натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Украина и Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот