фото: принтскрин/instagram.com/nada_hafez

Египќанка во седмиот месец од бременоста настапи во мечување и победи

Египетската натпреварувачка во мечување, Нада Хафез, имаше двојна причина за славење откако во понеделникот ја оствари својата прва олимписка победа во дисциплината сабја за жени, а потоа откри дека тоа го направила во седмиот месец од бременоста.

Хафез, која се натпреваруваше на својата трета Олимпијада, ја победи Елизабет Тартаковски од САД со 15:13, пред да загуби со 15:7 од Јеон Хајонг од Јужна Кореја во осминафиналето.

Подоцна Хафез изјави дека е горда не само на својот настап, туку и на тоа што се натпреваруваше бремена.

– Она што ви се чини дека се двајца спортисти на подиумот, всушност беа тројца! Бев јас, мојот противник и моето бебе кое допрва треба да дојде во нашиот свет. Моето бебе и јас имавме голем дел од предизвиците, и физички и емоционални. „Ролеркостерот“ на бременоста е тежок сам по себе, но да се борите за одржување на рамнотежата на животот и спортот не беше ништо помалку од напорно, но сепак вредеше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nada Hafez (@nada_hafez)

Ја пишувам оваа објава за да кажам дека гордоста го исполнува моето битие што го обезбедив моето место во осминафиналето! Среќна сум што ја споделив довербата на мојот сопруг и на моето семејство за да можам да дојдам до тука. Оваа специфична Олимпијада беше различна. Три пати „олимпијка“ но овој пат носи мал олимпиец! – напиша Хафез на нејзиниот инстаграм-профил.

Хафез, која претходно се натпреваруваше на Игрите во 2016 и 2021 година, рече дека ја открила веста за „да ја осветли силата и истрајноста на сите Египќанки“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот