Египет ги произведе првите 300.000 вакцини Синовак

Египет го заврши производството на првата доза кинески вакцини против КОВИД-19 Синовак, објави „Египет денес“, повикувајќи се на Министерството за здравство.

Производот на фармацевтската компанија VACSERA ќе се анализира за да се потврди неговата безбедност пред да биде доставен во 400-те центри за вакцинација во земјата.

Првата серија содржи 300 000 дози од планираните 2,25 милиони за првата фаза на производство. Се очекува северноафриканската земја да започне со производство на 15 милиони дози Синовак месечно од август.

Египет потпиша договор со кинеска компанија за локално производство на 40 милиони дози годишно, согласувајќи се да го зголеми на 80 милиони.

Здравствените власти во земјата објавија дека помина врвот на третиот бран на новиот коронавирус, во кој новооткриените случаи на КОВИД-19 достигнаа над илјада на ден. Во средата, позитивни тестови беа 251, со што вкупниот број на заразени достигна 281.282 од почетокот на пандемијата.

Вкупниот број на мртви е 16.169 лица, од кои 21 вчера. 579 биле излекувани, вкупно 211.384 од пролетта 2020 година.

Досега се имунизирани околу 5 милиони Египќани против Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот