Едноставно и ефикасно, како да направите гел за дезинфекција на рацете во домашни услови

profimedia

Поради коронавирусот, покрај хируршките маски во аптеките, голема е побарувачката за гелови за дезинфекција на рацете. Ние ви носиме рецепт за правење ефикасен гел во домашни услови. 

Најдобар начин да ги отстраните нечистотиите од вашите раце е да ги измиете со вода и сапун (30 секунди), а потоа да ги избришете со хартиена крпа или да ги исушите под електричен фен за раце.

При купување производи за дезинфекција на рацете, важно е тие да бидат докажано ефикасни, што значи дека треба содржат доволно алкохол (минимум 60 проценти). Декларацијата мора да биде читлива и да ги обезбеди сите потребни информации за безбедна употреба. Проверете дали производот содржи супстанција за нега на кожата, како што е глицерин, за да го избегнете чувството на суви раце и да ѝм осигурате на рацете нега.

Домашните гелови за дезинфекција се исто толку ефикасни како и купените, доколку содржат најмалку 60 до 95 проценти алкохол, истакнуваат од Американскиот центар за превенција и контрола на болести. Исто така, напоменуваат дека гелот за дезинфекција на раце има помал ефект ако рацете се валкани или мрсни.

Состојки за домашен гел за дезинфекција на раце

За да го направите гелот во домашни услови потребно ви е:

– 2/3 чаша изопропил алкохол, како замена може да послужи и етанол.

– 1/3 чаша алое вера (за нега)

– пет до десет капки есенцијално масло по избор (за убава миризба)

– шишенце

Подготовка: Измешајте ги сите состојки во шише, затворете го цврсто и имајте го гелот при рака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот