Едноставен рецепт и за најнеискусните: Рижото со печурки

Profimedia

Состојки:

1 килограм ориз

2,5 литри вода

500 грама шампињони

100 милилитри бело вино

1 главица кромид

сол

црн бибер

2 лажици путер

Подготовка:

Потребното количество на ориз, исчистете го и убаво измијте го.

Во подлабоко тенџере, ставете ја водата да зоврие.

Во тава на оган, ставете малку масло за јадење, а потоа додајте го исчистениот ориз. Пржете неколку минути, а потоа, малку по малку, во оризот додавајте од водата. Варете додека оризот не омекне. Кога оризот ќе биде сварен, тргнете ја тавата од оган и почнете со подготовката на печурките.

Во друга тава на оган, додајте го путерот и почекајте кратко да се растопи. Потоа во него додајте ги сечканите печурки и исечканиот кромид. Пржете ги состојките се додека не испари водата од печурките. Потоа, во садот додајте ги виното и зачините. Оставете ги состојките да се варат неколку минути во виното.

На крај, смесата со печурките, додајте ја во претходно сварениот ориз. Измешајте ги сите состојки и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот