Фото: Pexels/ Megha Mangal

Едноставен појадок инспириран од мексиканската кујна: Рецепт за јајце на око

Блогерката за храна Грејс Елкус  е специјализирана за споделување на вкусни вегетаријански рецепти. Нејзиниот рецепт за појадок со пржени јајца на око и авокадо стана многу популарен на социјалните мрежи, со повеќе од 13 милиони прегледи на ТикТок.

Вреди да го пробате овој вкусен појадок кој се подготвува за само пет минути.

Состојки:

-1 мала тортиља
-1 јајце
-45 гр фета сирење
– половина авокадо
-малку сок од лимета или лимон
-сол по желба
-чили во прав по желба

Подготовка:

Загрејте нелеплива тава. Издробете го фета сирењето и оставете го да се растопи.
Скршете го јајцето и ставете го на средината на тавата така што фета сирењето ќе го опкружува. По желба зачинете го јајцето со сол и малку чили во прав.
Покријте ја тавата и гответе го јајцето, додека сирењето не стане крцкаво, а белката целосно не се направи. Жолчката треба да остане мека.
Потпечете мала тортиља за тако, покријте ја со здробено авокадо кое ќе го зачините со малку сол, лук во прав и сок од лимети или лимон, а потоа ставете го прженото јајце на око врз неа.
Преклопете ја тортиљата. Жолчката ќе распука и ќе се претвори во вкусен сос кој ќе ги покрие останатите состојки во тортиљата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот