Едногодишно девојче од Шпанија е првото во светот на кое успешно му е извршена трансплантација на цревата

Фото: Flickr

Едногодишно девојче од Шпанија e првото во светот кое успешно ја поднесе трансплантацијата на цревата од донор кој починал од срцева слабост, соопшти денеска мадридската болница „Ла Паз“.

Покрај цревата, бебето Ема доби и нов црн дроб, желудник, слезина и панкреас, а потоа беше отпуштена во совршена состојба и сега е дома со своите родители, пренесува „Ројтерс“.

Се напоменува дека на детето му била дијагностицирана цревна инсуфициенција кога имало само еден месец, бидејќи цревата му биле премногу кратки, а неговото здравје брзо се влошувало сѐ додека не добило мултивисцерална трансплантација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот