Едно од најскандалозните интервјуа во Холивуд: Вил Смит и Џејда Пикет Смит јавно разговараа за неверството! (ВИДЕО)

Instagram
инстаграм

Актерот Вил Смит (50) ѝ рекол на својата жена Џејда Пикет Смит (48) дека „завршил“ со неа и инсистирал повече да не разговара со неа откако им се распаднал бракот.

Холивудскиот актер и неговата сопруга јавно проговорија за нивните приватни проблеми во драматичната емисија на Џејда „Red Table Talk“.

Фото: graphic.com.gh

За време на разговорот Џејда потврдила дека имала врска со пејачот Аугуст Алсина (27) за време на нивниот брак.

Познатиот пар објаснил дека тоа се случило за време на тежок период во нивната врска пред околу 4 ипол години.

Смит признава дека бил убеден како нивниот брак е пред крај и дека никогаш повеќе не сакал да разговара со неговата сопруга.

Во разговорот актерот открил како Алсина влегол во нивниот живот додека бракот им бил на „стаклени нозе“, пренесува Mirror.

Но, и покрај сите работи парот се одлучил да му даде уште една шанса на бракот кој трае се уште. Смит изјавил дека е „вистинско чудо“ како успеале да ги поправат работите и да го оддржат бракот покрај сите падови.

„Има одредени работи низ кои морате да поминете. Тоа е вистинско чудо’“, изјавил актерот во интервјуто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот