Руски напад со дронови врз Украина фото ЕПА

Една жртва во руските ноќни напади врз Украина

Во руски напад во регионот Дњепропетровск во источна Украина, загина едно лица, а четворица се ранети, изјави началникот на регионалната воена команда, пренесува Москва тајмс.

„Непријателот нападна три области од регионот десет пати со беспилотни летала и артилерија“, рече Олександр Ханза преку Телеграм.

Во регионот Синелвики, заедниците Славхород и Меживска беа погодени и „за жал, еден маж беше убиен“, додека „уште еден маж и една жена беа повредени“, рече тој.

Други руски напади беа пријавени во Одеса, големо пристаниште на Црното Море, и во Харков, каде што пожар беше предизвикан од удар што доведе до брза евакуација на луѓето во студентски дом, рече градоначалникот Ихор Терехов.

Преку границата, во рускиот регион Брјанск, украински напад со беспилотно летало уби жена во село, рече регионалниот гувернер Александар Богомаз.

„Украинските терористи започнаа целен напад со самоубиствен дрон врз цивилно возило во движење во селото Чернукава, Климовски округ“, рече тој.

Војната што избувна со инвазијата на руската армија во Украина сега влезе во својата петта година, и покрај дипломатската иницијатива на САД според која се водат преговори меѓу Москва и Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот