67 години од смртта на Џејмс Дин: Големиот заводник љубел само една девојка

Фото: Instagram

Денес навршуваат 67 години од смртта на еден од најтрајните, најлегендарните и енигматични ликови од холивудската историја. Иако снимил само три филма во кои бил главна улога, Џејмс Дин стекнал неверојатна слава, особено по прераната смрт.

Во 1955 година, 24 годишниот Дин го изгубил животот во сообраќајна несреќа во Калифорнија. Со своето „Porsche 550 Spyder“ и механичарот Ролф Вутерик одел да се трка во Салинас, Калифорнија, кога по пат се судрил со „1950 Ford Tudor“.

Џејмс Бајрон Дин е роден во малото гратче Марион во американската држава Индијана на 8 февруари 1931 година. Уште од раното детство, тој бил многу приврзан со неговата мајка Милдред, за која тврдел дека е единствената што го разбира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 80sradical 🥀 (@80sradical)


Кога ненадејно починала од рак, неговиот живот радикално се променил. Неговиот татко го испратил да живее на фарма со неговиот вујко и вујна, што драматично ќе ги наруши нивните односи до прераната смрт на актерот.

Неговите биографи тврдат дека во тешките моменти тој наоѓал утеха, друштво, но и духовно водство кај методистичкиот свештеник Џејмс ДеВирд, кој наводно ја разгорил љубовта на Дин кон брзите автомобили.


Додека студирал право во Калифорнија, тој го открил талентот и желбата за глума, што подоцна ќе го направи филмска легенда.

Лошо момче со меко срце

И додека во јавноста имал имиџ на лошо момче благодарение на улогите во филмот „Бунтовник без причина“ и „Источно од рајот“, неговите пријатели тврделе дека тој бил далеку од таа слика. Често го менувал расположението и брзо се трансформирал од тивко и повлечено, понекогаш срамежливо момче, во луд комичар кој може да го расположи целото друштво.

Сепак, студиите го поттикнувале да игра на картата на кул момче кое ретко се смее на јавно место, не вади цигара од уста и кое крши срца каде и да оди со својот мотор или спортски автомобил.

Благодарение на неговата магнетна привлечност и харизма, тој успеал да ги претвори и најобичните парчиња облека – сини фармерки и бела маица – во моден тренд кој и денес се копира.

Дин без сомнение го имал „тоа нешто“ што ги привлекува луѓето без оглед на нивниот пол. Ниту Мерилин Монро, Елизабет Тејлор, Џоан Крафорд и Џуди Гарланд не можеле да му одолеат. Сепак, тој не можел да ја надмине загубата на љубовта кон една актерка – Пјер Анџели.

Непрежалената љубов

Италијанската актерка Пјер Анџели и Џејмс Дин откако ја прекинале врската, за нивното раскинување се наведувале повеќе причини. Нејзината мајка не одобрувала тоа што Дин не е католик, неговиот животен стил, брзи автомобили и начин на облекување. Исто така, луѓето од филмското студио со кои соработувал, се обидувале да го одвратат од идејата да се ожени со Анџели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by classicactresses (@classicactresses)


Тој самиот ѝ признал на младата актерка дека сè уште не е подготвен за брак, а набргу по раскинувањето, Анџели се сврши со пејачот Вик Дамон, а во 1954 година се венчале. Славниот актер бил шокиран и срцето му било скршено.

Бидејќи бил во неверување, морал да се убеди себеси дека сè е вистина, па на денот на нејзината венчавка, се појавил пред црквата со мотор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by L. (@eternal.past)


Четиринаесет години откако завршила нивната врска, Пјер Анџели опиша како изгледала романсата:

„Одевме заедно до брегот на Калифорнија и таму ќе останевме тајно во куќа на плажа, што е можно подалеку од љубопитните погледи. Поголемиот дел од времето го поминувавме на плажа, седејќи, забавувајќи се, исто како и децата на колеџ. Зборувавме за нас и за нашите проблеми, за филмовите и актерството, за животот и животот по смртта. Ние целосно се разбиравме. Бевме како Ромео и Јулија, заедно и неразделни. Понекогаш толку многу се сакавме што само сакавме да отидеме заедно во морето држејќи се за раце, знаејќи дека тогаш ќе бидеме заедно засекогаш“.

Џејмс Дин помина пет години во Холивуд, а глумеше во три големи филмови – „Источно од рајот“, „Бунтовник без причина“ и „Див“. За него се предвидуваше голема слава и успешна кариера, но еден месец пред премиерата на „Бунтовник без причина“, животот на младиот актер заврши трагично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот