Еден загинат и тешко повредено 18-годишно момче во несреќата на патот Штип – Велес
Едно лице загина, а 18-годишно момче е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случи денеска околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес, кај крстосницата за селото Иванковци.
Препорачано
Како што објави МИА, според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале два автомобила, а увид на местото извршила екипа на СВР Штип, со присуство на противпожарна екипа од Велес.
Од Итната медицинска помош при Здравствениот дом Велес информираат дека биле повикани во 14:20 часот и за неколку минути пристигнале на местото на настанот.
„Кај едниот возач, повозрасен маж, констатиравме смрт на самото место. 18-годишното момче од Струмица беше со повреди на карлицата, десното колено и главата, но беше свесно и контактибилно“, изјави д-р Елена Најдовска.
По укажаната прва помош, повреденото момче е пренесено во Ургентниот центар во Општата болница Велес.
Според Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на овој патен правец е во прекин во двете насоки додека трае увидот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
10мин
-
31мин
-
31мин
-
34мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


