Еден од загинатите во експлозијата во Каталонија се наоѓал на три километри од фабриката

ФОТО: Принтскрин/Твитер

Властите ја истражуваат причината за хемиската несреќа во просториите на производителот на хемикалии Икоча.

Болничарите од Итната помош пронајдоа безживотно тело во петрохемиски погон во североисточна Шпанија, со што бројот на загинати во големата експлозија се зголеми на две лица, додека осуммина се повредени.

Голема метална плоча, која од експлозијата во хемиската фабрика била исфрлена во воздух, уби човек кој се наоѓал на три километри од фабриката. Тој се наоѓал во својот стан, кога плочата со тежина од околу еден тон ја погодила неговата зграда, по што дел од објектот се урнал.

Властите ја истражуваат причината за хемиската несреќа во просториите на производителот на хемикалии Икоча.

Во експлозијата се повредени осум лица кои работеле таму, соопштија официјалните лица.

Главниот извршен директор на Икокос, Луис Морланес, изјави дека експлозијата се случила во резервоар од 20 тони етилен оксид во дел од фабриката што нема никакви проблеми откако е изградена во 2017 година. Морланес рече дека компанијата ја испитува причината за експлозијата, но дека нејзините инспектори не биле во можност да го дoјдат до местото, додека пожарникарите сè уште работат.

Регионалните пожарникари соопштија дека околу 30 работници се бореле со пожарот во текот на ноќта, кој денеска е ставен под контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот