Фото: Denver Nuggets

Еден од најуспешните НБА тренери седнува на клупата на Денвер?

По раната елиминација од Минесота во првата рунда од плејофот, американските медиуми најавуваат можни промени на клупата на Денвер, при што како потенцијален нов тренер се споменува и актуелниот стратег на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, кој би можел да го наследи Дејвид Аделман.

Неофицијални информации пласирани од американскиот инсајдер Брајан Колдвел сугерираат дека поранешниот селектор на САД е сериозен кандидат за позицијата во Денвер.

Разочарувачкиот крај на сезоната значително ја разниша позицијата на актуелниот тренер, отворајќи простор за кадровски промени. Во исто време, ни сезоната на Голден Стејт не помина според очекувањата, тимот беше елиминиран уште во плеј-инот по поразот од Финикс Санс, што дополнително ги засили шпекулациите за можен прекин на соработката со Кер.

Доколку дојде до разделба, токму Денвер се посочува како најверојатна следна дестинација за искусниот тренер, кој би имал задача повторно да го врати тимот предводен од Никола Јокиќ во трката за шампионската титула.

„Се очекува Стив Кер да им се приклучи на Денвер Нагетс во паузата меѓу сезоните. Кер, кој помина повеќе од десет години во редовите на Вориорс, ќе се обиде да донесе шампионски прстен во Денвер“, објави Колдвел.

Кер има богата тренерска кариера зад себе. Со Голден Стејт освои четири НБА титули, воведе препознатлив стил на игра со брз проток на топката и шутеви за три поени, а во една сезона стигна и до рекордни 73 победи. Успешен беше и на клупата на американската репрезентација, со која освои олимписко злато.

ВИДЕО | Крај за Јокиќ и Денвер, Минесота со историска победа до полуфинале на Истокот

Хрватски тинејџер урна рекорд со 93 поени на еден натпревар, па сега се пресели во САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот