ВИДЕО | Крај за Јокиќ и Денвер, Минесота со историска победа до полуфинале на Истокот
Минесота на домашен терен го совладаа Денвер со 110:98 и со вкупни 4:2 во серијата се пласираше во полуфиналето на Западната конференција, каде што ги очекува Сан Антонио Спарс. Овој успех има посебна тежина ако се знае дека „волците“ до решавачката победа стигнаа без неколкумина важни играчи, меѓу кои и двајца клучни.
Препорачано
Ентони Едвардс и Донте Дивинченцо ги водеа Тимбервулвс до првите две победи, пред да заработат тешки повреди. Во четвртиот натпревар блесна Ајо Досунму, кој и до тогаш играше одлично, но тогаш експлодираше со 43 поени и ја донесе третата победа. Сепак, ниту тој не настапи во решавачкиот меч, како ни Кајл Андерсон. И покрај сериозно ослабениот состав, Минесота успеа да стигне до триумф и пласман понатаму, благодарение на одличните изданија на неколкумина кошаркари.
Џејден Мекдениелс беше лидер со 32 поени, 10 скокови, две украдени топки и без ниту една загубена топка.. Џулиус Рендл додаде 18 поени и пет асистенции. Руди Гобер постигна 10 поени, но придонесе со 13 скокови, осум асистенции и две блокади, со што стана првиот играч со повеќе од 30 победи против Никола Јокиќ.
На спротивната страна, покрај Јокиќ, кој забележа 28 поени, девет скокови и 10 асистенции, единствено Камерон Џонсон беше на висина на задачата со 27 поени и осум скокови.
Џамал Мареј повторно разочара во важен натпревар. Од играч кој треба да биде главна поддршка на Јокиќ се очекува многу повеќе од 12 поени и шест скокови, особено со слаб шут од игра 4 од 17.
Исто така со 4-2 и со најголемата победа во историјата на клубот во плејофот место во полуфиналето на Истокот обезбедија и Њујорк никси со триумф од 140-89 против Атланта.
Во преостанатиот натпревар Филаделфија на свој терен славеше над Бостон со 106:93 и на тој начин израмни на 3-3 обезбедувајќи мајсторка.


