Еден од хероите на Сенегал: Почина легендарниот Папа Буба Диоп!

Фото: EPA/Adrian de Kock

Папа Буба Диоп, еден од хероите на Светското првенство во Сенегал 2002 година почина по долго боледување. Тој имаше само 42 години.

После смртта на еден од најголемите во фудбалската игра, Диего Армандо Марадона, денеска нова тажна вест, почина човекот кој се прослави со неговиот гол пред 18 години и големата победа на Сенегал против тогаш актуелниот светски шампион Франција (1:0). За репрезентацијата дебитираше во 1999 година, на истиот Мундијал 2002 стигна до четвртфиналето.

Во клупската кариера после добрите игри во неколку швајцарски клубови, направи трансфер во Ленс преку кој се пресели во Англија.

Го засили Фулам во 2004 година, а потоа го носеше и дресот на Портсмут со кој го освои ФА Купот во сезоната 2007/08.

Беше дел од грчкиот АЕК, во 2011 година се врати во Англија и се пресели во Вест Хем, а потоа ги бранеше и боите на Бирмингем каде што пред седум години ја заврши професионалната фудбалска кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот