Керим Алајбеговиќ/EPA/NIDAL SALJIC

Еден од хероите на БиХ во пласманот на Мундијалот ќе го нема во албумот со сликички на „Панини“

Познатиот производител на албумот со сликички „Панини“ пред стартот на Светското првенство направи пропуст откако во официјалниот албум за Босна и Херцеговина не се најде името на Керим Алајбеговиќ.

Иако станува збор за еден од клучните фудбалери во историскиот пласман на Босна и Херцеговина на Мундијалот, неговото име е изоставено од конечната селекција на играчи во албумот.

Алајбеговиќ имаше значајна улога во баражот, каде во полуфиналето против Велс асистираше за голот на Един Џеко во 90. минута, а потоа беше сигурен реализатор и во пенал-серијата. Одлична форма прикажа и во финалниот дуел со Италија, каде повторно се истакна, но на него во„Панини“ очигледно заборавија.

За БиХ во албумот ќе бидат: Никола Васиљ, Амар Дедиќ, Сеад Колашинац, Тарик Мухаремовиќ, Нихад Мухакиќ, Никола Катиќ, Амир Хаџиахметовиќ, Бенјамин Тахировиќ, Армин Гиговиќ, Иван Шуњиќ, Иван Башиќ, Џенис Бурниќ, Есмир Бајрактаревиќ, Амар Мемиќ, Ермедин Демировиќ, Един Џеко, Самед Баждар и Харис Табаковиќ.

Според информациите од медиумите, причината за изоставувањето на Алајбеговиќ е тоа што финалниот список за печатење бил заклучен уште пред бараж натпреварите каде што младиот фудбалер најмногу блесна.

ФОТО | По 60 години соработка, крај на легендарните албуми со сликички на „Панини“ — ФИФА најави ново партнерство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот