ЕЦБ им одобрила 176 милијарди евра во мај на шпанските комерцијални банки

ЕЦБ/Фото: Архива на СП

Најголема сума што комерцијалните банки во Шпанија некогаш ја позајмиле од ЕЦБ е забележана во август 2012 година, во износ од 411 милијарди евра, за време на врвот на финансиската криза во Шпанија.

Европската централна банка во мај им позајмила на шпанските комерцијални банки околу 176 милијарди евра, што е најголема сума во последните шест години, покажуваат официјалните податоци.

Таа цифра е за околу 8,5 милијарди евра поголема во однос на 167,5 милијарди евра позајмени во април оваа година.

Најголема сума што комерцијалните банки во Шпанија некогаш ја позајмиле од ЕЦБ е забележана во август 2012 година, во износ од 411 милијарди евра, за време на врвот на финансиската криза во Шпанија.

Кон крајот на месецот, се очеува земјите во еврозоната да аплицираат за евтини нови долгорочни линии за финансирање од ЕЦБ, со цел да го намалат влијанието од епидемијата на новиот коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот