Е. Пелистер ќе игра во групната фаза во Лигата на Европа

бабиќ еурофарм пелистер
Фото: seha-liga.com

Екипата на РК Еурофарм Пелистер и во наредната сезона ќе игра во групната фаза во Лигата на Европа. Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека Е. Пелистер доби директно место во групната фаза на ЕХФ Лига Европа заедно со уште седум екипи.

Вториот тим на Еурофарм Пелистер настапите во Лигата на Европа ќе ги започне во првото коло од квалификациите.

Првото коло од квалификациите ќе се игра на 27/28 август и 3/4 септември, а второто квалификациско коло ќе се игра на 27 септември и 4 октомври. Групната фаза ќе стартува на 25 октомври.

Третиот македонски претставник, екипата на Бутел квалификациите ќе ги започне во второто квалификациско коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот