Е. Пелистер го ангажираше тунискиот репрезентативец Мохамед Суси

Мохамед Суси (лев бек) со Монпелје ја освои Лигата на шампионите/Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Денеска Е. Пелистер ја информираше јавноста дека постигна целосен договор со репрезентативецот на Тунис, Мохамед Суси.

Како што пренесуваат од битолскиот ракометен клуб, до официјализација на трансферот недостигаат само медицинските прегледи кои ракометарот ќе ги реализира утре по пристигнувањето во Македонија.

Клубот во текот на утрешниот ден ќе ги обелодени деталите од соработката со новиот свој член. Доаѓа од редовите на Трембле, а претходно со Монпелје во 2020 година успеа да се закити со титулата во Лигата на шампионите.

Играчите на тренерот Ларс Валтер максимално се подготвуваат за новата сезона, прв предизвик ќе има биде традиционалниот струшки турнир.

На 16 август (вторник) ќе играат против домаќинот Струга, а два дена подоцна ќе ги одмерат силите против словачкиот Татран Прешов, а на 19 август ривал им е грчкиот АЕК од Атина.

Овој месец треба да го играат четвртфиналниот дуел од СЕХА Газпром лигата против Мешков Брест од Белорусија, а во националниот Суперкуп на 28 август за противник ќе го имаат Вардар 1961.

Хосни: Во Е. Пелистер наидов на амбициозна група на ракометари, оптимист сум дека сезонава ќе биде подобра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот