Ѕвездите добија предупредувања: Ким Кардашијан и нејзините познати соседи трошат премногу вода среде суша

ким кардашијан
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ким Кардашијан и нејзините познати соседи, вклучувајќи го и Силвестер Сталоне, добија предупредувања за постојано прекршување на ограничувањата за користење вода во нивните домови во Калифорнија, американската држава погодена од суша, објави „Лос Анџелес Тајмс“.

Строгите ограничувања за користење на водата стапија на сила во време кога западните држави на САД 23-та година по ред се соочуваат со суша, се на сила во делови од Јужна Калифорнија, вклучувајќи ги богатите населби Калабасас и Хиден Хилс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Но, повеќе од 2.000 жители на двете гламурозни населби северно од Лос Анџелес, познати по своите бујни зелени тревници и огромни базени, продолжуваат да ги занемаруваат тие ограничувања, често користејќи огромни количини вода.

Ријалити ѕвездите Ким и Кортни Кардашијан биле меѓу прекршителите и во јуни, објави споменатиот медиум, повикувајќи се на предупредувања добиени преку Законот за информации од јавен карактер.

Домот во Хиден Хилс и придружниот имот во сопственост на фондација поврзана со Ким Кардашијан го надминале дозволеното користење вода, како и имотот на нејзината сестра Кортни во близина на Калабасас. Силвестер Сталоне исто така несовесно користел големи количини на вода во неговиот имот во Хиден Хилс.

За повторените прекршоци властите првично изрекуваат казна од неколку стотици долари, но на богатите престапници кои не ги почитуваат рестрикциите може да им бидат намалени залихите на минимум.

Наводно, водостопанството во Лас Вирџинс, кое ги надгледува Калабасас и Хиден Хилс, веќе има инсталирано метални уреди кои го контролираат протокот на вода во вентилите на околу 20 имоти.

Адвокатот на Сталоне за „Тајмс“ изјави дека извештајот „може погрешно да ја карактеризира и погрешно да ја претстави ситуацијата“ на имотот, кој има околу 500 дрвја, велејќи дека неговиот клиент „проактивно“ инсталирал систем за наводнување капка по капка и дозволил одредени области во тревникот да изумрат.

Други имиња спомнати во истрагата се комичарот Кевин Харт и поранешната НБА ѕвезда Двејн Вејд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kevin Hart (@kevinhart4real)

Познат по многубројните палми, Лос Анџелес е познат и по бујните зелени тревници, често одржувани со автоматски прскалки. Жителите се повеќе ги заменуваат своите „жедни“ тревници со растенија карактеристични за пустинската област, а портпаролот на Лас Вирџинс, Мајк Мекнат рече дека се надева дека познатите личности можат да послужат како позитивен пример.

„Луѓето ве слушаат, луѓето ве гледаат, луѓето го ценат она што го правите“, посочи тој. „Потребно ни е да дејствувате, да бидете пример и лидери за да можат и другите да го следат тоа“, додаде Мекнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот