Ѕвездата од Онлифанс, Бони Локет - Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ bonnielocketxox

Ѕвездата од Онлифанс, Бони Локет ќе се мажи за самата себе во венчаница од 20.000 долари

Бони Локет, 38-годишна креаторка на содржини на платформата Онлифанс, објави дека ќе се омажи за самата себе, по низа неуспешни љубовни врски. За венчаницата планира да потроши повеќе од 20.000 долари, додека за дијамантскиот прстен ќе издвои над 25.000 долари, пишува „Њујорк пост“.

Церемонијата ќе се одржи на 29 мај на плажа на Ибица, а таа се надева дека на овој начин ќе успее да ја надмине траумата од минатото, по краткотрајниот брак што, според неа, завршил поради неверство, како и подоцнежната врска која исто така се распаднала од истата причина.

„Се најдов во ситуација да имам 38 години и да бидам разочарана од толку многу мажи. Постојат многу жени како мене кои се разочарани и стигнуваат до оваа возраст без деца, со чувство дека биолошкиот часовник истекува, а не се во брак ниту се скрасени. Остануваме сами“, изјави таа.

Локет вели дека нејзиниот деветмесечен брак се распаднал по 11-годишна врска, откако открила дека сопругот наводно ја изневерувал цело време. Потоа се преселила на Ибица со нов партнер, но и таа врска завршила кога дознала дека и тој ѝ бил неверен.

„Чувствувам дека, ако веќе ќе бидам сама, треба јасно да го кажам тоа. Не можам да се разочарам самата себе. Ова не може да заврши со развод. Ова не може да заврши со неверство и нема сама да си нанесам болка“, рече таа.

Таа додава дека е сама седум месеци, што е најдолгиот период откако била тинејџерка. За венчавката си купила прстен со жолт дијамант од три карати, вреден повеќе од 25.000 долари.

До олтарот ќе прошета во раскошна венчаница од дизајнерката Галија Лахав, вредна над 20.000 долари, за која вели дека е нејзиниот сон уште од детството.

„Тоа е мојата венчаница од соништата и сакам да ѝ дадам ново значење, бидејќи отсекогаш ми значела многу. Веќе сум имала класичен дијамантски прстен од поранешниот сопруг, па сакав нешто поразлично. Сакам да бидам во брак. Верувам во бракот. Само не верувам во брак со друго човечко суштество“, порача таа.

Локет истакнува дека на церемонијата ќе биде опкружена со блиски пријатели и се надева дека нејзиниот потег ќе инспирира и други жени кои чувствуваат притисок да пронајдат партнер.

„Се чувствувам исполнето и без партнер. Да стигнам до 38 години, без деца, сама во друга земја и сепак да се снаоѓам – мислам дека тоа заслужува да се прослави“, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот