Ѕвездата на „Хари Потер“ го чека првото дете со долгогодишната партнерка

Ѕвездата на „Хари Потер“, Даниел Редклиф го очекува првото дете со долгогодишната партнерка Ерин Дарк, потврдил за „Мирор“ портпаролот на актерот. Извор близок до парот изјавил дека тие се пресреќни поради приновата.
View this post on Instagram
„Даниел и Ерин не можеа да бидат посреќни што им пристигнува бебето. Тие се апсолутно воодушевени и едвај чекаат да станат тричлено семејство. Неодамна ја споделија веста со своите семејства и пријатели. Ова е неверојатно возбудливо време“, рекол изворот.
Во меѓувреме, Даниел и Ерин се фотографирани на прошетка, а на фотографиите се гледа нејзиниот труднички стомак.
View this post on Instagram
Минатата година Даниел во разговорот за „Њузвик“ зборувал за деца.
„Би сакал моите деца, ако и кога ќе добијам, да доаѓаат на филмски сетови. Мојот сон би бил да дојдат на филмски сет и да речат: ‘Боже, би сакал да бидам уметник, би сакал да бидам во екипата’“, рекол Даниел тогаш.
Триесет и три годишниот актер ја запознал Ерин на снимањето на филмот „Kill Your Darlings“ во 2013 година, во кој тој го играше поетот Ален Гинсберг, а таа ја глумеше жената која има романтична средба со него.
Сепак, Редклиф ретко зборува за својот приватен живот.
View this post on Instagram
„Како актер, сакам само да го живеам својот живот и да се гледам со своите пријатели. Сакам единственото нешто за кое луѓето зборуваат да биде мојата работа“, рекол претходно Даниел.
Ѕвездата на „Хари Потер“ искрено за своите проблеми: Почнав премногу да пијам!
Хумор и чудна магија – Даниел Редклиф ќе го глуми „„Weird-Al“ Yankovic“ во нов биографски филм