Скоро половина од граѓаните во Македонија живеат во станови помали од 70 квадрати
Најголем дел од домаќинствата во земјава или една третина живеат во трисобен стан меѓу 51 и 70 метри квадратни, соопшти Државниот завод за статистика.
Препорачано
Над 92,7% од домаќинствата живееле во сопствен стан, 5,1% кај родител, деца или други роднини и 2% во стан под закуп. Според површината на станот што се користел една третина или 32% живееле во стан меѓу 51 и 70 метри квадратни. Над 26% живееле во стан меѓу 81 и 100 метри квадратни.
Околу 10 проценти живееле во стан меѓу 31 и 50 метри квадратни, додека над 14,5% во стан со над 100 квадратни метри површина. Најголем дел од домаќинствата или 36,3 проценти живеат во трисобен стан, 28,6% во четирисобен или поголем, а 26,4% во двособен стан. Во еднособен стан или гарсоњера живеат 4,5% до домаќинствата.
Податоците се добиени врз основа на статистичкото истражување „Анкета за потрошувачката на домаќинствата“, спроведено во текот на 2024 година на 5040 домаќинства. Анкетирани се 2 914 семејства, додека бројот на оценети семејства е 598 632, од кои најголемиот број 92,7 проценти се неземјоделски (555 079), 5,2% се мешовити (31 373), а само 2% се земјоделски (12 180).


