ДЗС: Обезбедени полски кревети и ќебиња за жителите на Кичевско погодени од поплавите
За жителите на Кичевско, кои се погодени од поплавите предизвикани од обилните дождови, обезбедени се 30 полски кревети и ќебиња во спортската сала „Христо Узунов“, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Препорачано
-Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности за заштита и помош на населението погодено од поплавите во „Прилепска населба“ во Кичево. Конкретно, беа обезбедени и транспортирани 30 полски кревети, а и соодветен број ќебиња од магацинот на ДЗС, што истовремено беа транспортирани со возила на ДЗС и поставени во кичевската спортската сала „Македонија“, каде што веќе беа сместени привремено згрижени лицата погодени од локалната поплава – се вели во соопштението.

Во Ресенско, пак, тим на ДЗС со пумпи ја вадеше навлезената вода од подруми, куќи и објекти.
-Во Ресенско, тим на ДЗС овие два дена и сношти, со пумпи ја вадеше навлезената вода од подруми, куќи и објекти, а во подготвеност беше активиран и тим на ДЗС со два чамца, што за среќа немаше потреба да дејствуваат – соопшти ДЗС.

Поплавени куќи, подруми и гаражи во повеќе региони низ Македонија – евакуирани сто луѓе во Кичево


